Се приближува датумот кој ќе го одбележи почетокот на култниот фестивал “Вино-Скоп 2012”, под покровителство на Град Скопје. Бидете дел од шестиот интернационален фестивал за вино, од 10-ти до 14-ти октомври почувствувајте ја магијата на доброто вино, храна и добра забава во центарот на Скопје, “Плоштад Македонија”.

“Вино-Скоп” и ова година ве повикува да ги вкусите различните сорти на вино од големата селекција на следните винарии: Тиквеш, Бовин, Сковин, Стоби, Шато Камник, Визба Валандово, Дудин, Имако, Попов, Попова Кула, Филовски, Шато Сопот, Картал, Пивка, Изворно, Винарија Охрид, Вардарска Долина, Радевски, Пелистерка и Алтан Ракија. Покрај големото изобилството и избор на овој софистициран пијалок, “Вино-Скоп” нема да ги остави страсните љубители на виното гладни. Посетителите ќе можат да уживаат и во производите на Жи-Ва.
За загарантирана забава, позитивна енергија и добра музика, првата фестивалска вечер ќе биде одбележана со настапот на Игор Џамбазов со Харе Гуру Бенд.

“Во виното е вистината”, дојдете и открите ја вашата!