Ги гледам ова новиве трендови (кујнски секако) за годината што ни доаѓа, и си велам – леле прекрасно. Толку шаренило, па живи и весели бои, а бе просто да се мрдне човек од убавини. А ова скопсково зимско сивило, да ви кажам, и тоа како бара малку живост.

Туку, да си се вратам на темата, значи живи и весели бои се дефинитивно тренд за новата 2013. Правете што ќе правите ама морате да си ја ишарате кујната, и тоа што побрзо. Јас на пример, веднаш си направив план и агенда (сега уште парички да најдам од некаде :)) како тоа шаренило да изгледа. И нормално, пак си појдов кај моите драги пријатели во Карес (луѓееее, стварно ќе се преселам таму!), и тргнав да си избирам. За да немаме недоразбирања, бирав нешто шарено се разбира!

Еве за што се одлучив овој пат. Овие лопатки, лажички и ножички ми беа толку слатки, а да не го спомнувам ефектот на виножито, што просто добив желба веднаш да фатам нешто да си мешкам на рингла. А богами, и супер згодни се за чување, пошто си доаѓаат со специјално сталаче. И да не набројувам дека не ги гребат тавчињата (гррррр!), се мијат во машина, издржуваат високи температури и така натаму…..

П.С. Си мислев да им купам вакви на сите мои драги кулинарки и кулинари за нова година, бидејќи ми се супер како за поклонче. Ем они ќе си бидат среќни, ем јас ќе си имам изговор да си одам по гости и да викам “а бе дај мешни нешто со ова поклончево, да видам дали се погоди“. Хехе, добра идеја, нели?