Мојата најмила посака,а јас пробав да и ја исполнам желбата….Уште еден сладок деликатес од кујната на Валентина.

Виножито торта

By Валентина Крстевска Published: June 7, 2013

    Мојата најмила посака,а јас пробав да и ја исполнам желбата....Уште еден …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Одвојте ги белката и жолчката,изматете ја убаво белката со солта,доодајте ја жолчката, додајте го шеќерот па откако ќе биде убаво изматено постепено додавајте го брашното и прашокот за печиво,а на крај путерот и ванилата.Додавајте по малку од бојата додека не ја добиете сакната нијанса.
    2. 2.Смесата префрлете ја во калап за торта покриен со хартија за печење и печете во претходно загреана рерна на 150 степени десетина минути.
    3. 3.За подготовка на кремот најпрво во дел од млекото растворете ги пудинзите со шеќерот и ванила кристалите,остатокот од млекото ставете го да зоврие, па на вообичаен начин сварете густ пудинг.Покријте ја површината со проѕирна фолија и оставете го садот додека пудингот целоно да се олади.
    4. Подготовка4.Путерот пенасто изматете го, па откако е пудингот оладен измешајте ги заедно со миксер. Со овој крем филувајте ги корите,а после секоја кора благо притиснете за подобро да се спојат слоевите.Со дел од кремот прекријте ја целата торта од сите страни.
    5. Виножито торта спремна за дегустација5.На крајот изматете ја слатката павлака па декорирајте ја тортата. НАПОМЕНА:оваа торта јас ја праавев со 7 посебни слоеви и количеството на ванила кремот го прилагодив кон бројот на корите. Забележав дека бојата на последната кора е неуспшна и сметам дека тоа е поради тоа што од розева и сина се обидов да добијам виолетова.