Не сме сигурни дали повеќе ќе уживате во фантастичната боја на ова ледено освежување или пак во совршениот вкус. Едно е сигурно, ќе уживате!
Виолетов сладолед
By July 18, 2013
Published:Не сме сигурни дали повеќе ќе уживате во фантастичната боја на ова ледено …
Ingredients
- 125 мл млеко
- 3 жолчки
- 70 гр шеќер
- малку арома од ванила
- 300 гр свежи боровници
- 250 гр маскарпоне
- малку фстаци или свежи боровинки (за декорација)
Instructions
- 1.Загрејте го млекото додека не зоврие во тенџерче и додадете арома од ванила (количина по желба).
- 2.Жолчките добро изматете ги со шеќерот и полека додавајте ги во зовриеното млеко со постојано и нежно мешање додека кремот малку не се згусне (не треба премногу да се згусне). Оладете ја смесата.
- 3.Боровниците ставете ги во блендер заедно со маскарпонето и мешајте додека боровниците не се испасираат и смесата не се изедначи. Потоа полека додадете ја во претходно оладената крема.
- 4.Добро измешајте и се ставете во модла која која може да се замрзне и која претходно сте ја обложиле со пластична фолија. Распоредете ја смесата и ставете ја во ладилник да се замрзне (околу 4 часа).
- 5.Исечете парчиња од сладоледот како торта, посипете ги со сечкани фстаци или свежи боровинки и украсете со ливчиња од свежо нане.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна