Салатава е прав деликатес. Полна со витамини и при тоа збогатена и со малку пилешко за екстра вкус. Морков, тиквичка, младо кромидче, краставица. За мерак.

Витаминска пилешка салата

By Тетка Биберче Published: January 21, 2014

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 40 mins

Салатава е прав деликатес. Полна со витамини и при тоа збогатена и со …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Пилешкото бело месо ставете го во вода и сварете го. Тргнете го настрана и оставете го да се олади.
  2. 2.Краставицата исечкајте ја на тенки долги стапчиња, посолете ја и оставете ја да се цеди.
  3. 3.Пилешкото месо , со прсти, цепкајте го за да добиете разресени парчиња пилешко месо.
  4. 4.Морковот и тиквичката исечете ги на тенки долги стапчиња.
  5. 5.Во загреана тава, на малку масло за готвење, пржете ги морковот и тиквичките се додека не омекнат. Тргнете ги настрана и оставете да се оладат.
  6. 6.Во длабок сад, измешајте ги сите подготвени состојки. Салата зачинете ја со сол, црн пипер и сок од лимон.