Малку поинаква верзија на добро познатиот таратур. Збогатена со вкусот на младата тиквичка и моркoв, оваа салата ќе ве освежи и израдува.

Витаминска салата

By Б.А. Published: February 12, 2014

    Малку поинаква верзија на добро познатиот таратур. Збогатена со вкусот …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Излупете ја краставицата и изрендајте ја. Потоа изрендајте ја и тиквичката (не мора да се лупи бидејќи тиквичките не се прскаат), и на крај изрендајте го морковот.
    2. 2.Ако сакате салатата да ви биде погуста, краставицата и тиквицата посолете ги и оставете ги во чинија да отстојат барен половина час, а потоа истурете ја водата што се исцедила од нив.
    3. 3.Во подлабок сад ставете го зеленчукот, додадете го лукчето исечкано на ситни парчиња или истолчено и додадете го киселото млеко.
    4. 4.Посолете по желба и додадете малку црн пипер и копар, а потоа убаво измешајте.
    5. 5.Салатата послужете ја во мали чинивчиња кои ќе ги украсите со малку павлака или кајмак (или крем сирење) и со неколку ливчиња свеж магдонос).