Компанијата Винчини во соработка со авторот Костадинка Цветанова неодамна го промовираа најновиот традиционален готвач, вкусна инспирација од Сончевата долина, каде можат да се најдат речиси 200 рецепти поделени во три категории – пред јадења, главни јадења и десерти.

Доказ дека љубовта и страста кон вкусната македонска храна можат да резултираат со луксузно, квалитетно издание кое секој мора да го има како своевиден водич и потсетник во моментите кога саката да приготвите домашна храна.

За мене секое јадење е нов предизвик и кон секој нов рецепт приоѓам со страст и со љубопитност. Тајната на убавото готвење е во љубовта и стрпливоста. Македонските традиционални јадења се вистинско богатство, но истовремено и богатство кое треба да се негува„ вели авторот Цветанова која своите пензионерски денови решила креативно да ги искористи и да учествува во пишувањето на овој готвач, со цел на секоја млада домаќинка да и помогне при подготвување на нешто вкусно и традиционално.

Костадинка ЦветановаСпоред плановите на компанијата Винчини готвачот „Вкусна инсприрација“ исклучиво ќе се добива како подарок и за жал нема да може да се купи во слободна продажба. Идејата е сите верни потрошувачи на Сончева долина да можат да го добијат како подарок со сет производи од Сончева Долина. Наскоро се очекува да започнат и промоциите на овој готвач низ сите поголеми маркети.

Во меѓувреме можете слободно да го посетите сајтот на Сончева долина каде можете да го разлистате целиот готвач и да добиете идеја за денешен ручек или можеби за сладок десерт.

За готвачот кликнете овде!