Сите знаеме дека за да се овозможи губење на килограми, потребно е да се согоруваат повеќе калории отколку што се внесуваат во организмот. Меѓутоа, ако постојано вежбате (на пример по час или повеќе, 6 дена во неделата), можно е на вашиот организам да му требаат и повеќе калории за да не дојде до изгладнување.

Со сигурност можеме да кажеме дека повеќето луѓе не вежбаат вака. Три или четири тренинзи неделно е и повеќе од колку што може да собере во и онака претрпаниот дневен распоред. Затоа, повеќето луѓе се трудат да го намалат внесот на калории, и да го натераат организмот да ги користи маснотиите како извори на енергија. Во тоа е уметноста на слабеењето.

Но, ако почнете само да ги пропуштате оброците, нема да ја намалите тежината. Морате да јадете помалку, а сепак да имате 5 до 6 оброци во текот на денот.

Во продолжение ви даваме три ефикасни начини како да не се прејадете. Овие совети е најдобро да се применуваат пред трите основни оброци: појадокот, ручекот и вечерата. Немојте да ги намалувате или кратите ужините.

1. Конзумирајте влакна до 30 минути пред оброкот. Скоро никој од нас не јаде доволно влакна. Тоа е грешка, бидејќи влакната се природен стабилизатор на шеќерите во крвта. За да ги спречите варијациите на нивото на шеќер во крвта, потребно е да го контролирате апетитот, хормоните за согорување на маснотии и да го ограничите внесот на калории по оброк. За ова не постои полесен начин од конзумирањето на влакна кои ги има во овошјето, зеленчукот и житариците.

2. Напијте се вода на собна температура 10 минути пред оброкот. Исто како и кај влакната – повеќето од нас не пијат доволно вода. Или, повеќето од нас не пие вода во вистинско време. Ако чекате да ожедните, веќе сте задоцниле, бидејќи нашиот нервен систем не е доволно брз и не може на време да не информира дека ни е потребна вода.

Затоа, послужете се со околу половина литар вода на собна температура 10 минути пред оброкот. Не е добро да пиете ладна вода, затоа што системот за варење не го поднесува добро шокот предизвикан од големата температурна ралика ако пиете ледена вода.

3. Прво конзумирајте храна богата со влакна и вода. Кога ќе седнете покрај трпезата, вашиот мозок и ензимите за варење се веќе подготвени за храна. Меѓутоа, сигналите кои го информираат мозокот дека желудникот се полни се многу спори. Ако го започнеме оброкот со густа, високо калорична храна, најверојатно е дека ќе изедете повеќе отколку што е потребно пред мозокот да добие информација дека сте веќе сити.

Затоа, добро е оброкот да се започне со храна богата со влакна и вода, и која е релативно ниско калорична. Ова ќе му овозможи на вашито организам да процени колку калории му се навистина потребни. Со други зборови, ова ќе го спречи прејадувањето. Значи, започнете го оброкот со свежа салата, неколку парчиња целер или јаболко.