Секогаш добро скоцкан, човек кој внимава на својот изглед и на храната која ја конзумира. Важи за голем љубител на фудбал и на добра музика. Бидејќи е роден Кичевчанец, прво нешто што моравме да го прашаме, односно да го замолиме е да ни препорача добра локална кафеана. „Прво место каде би однел некој пријател на јадење во Кичево е мезе барот „Еј“. Од широкиот асортиман на вкусни јадења би го одвоил топеното сирење кое има впечатлив мирис и вкус. Ако повеќе сме расположени за кафе, тоа сигурно би бил барот „Квадрат“. Она што е важно за Кичево, во било кој ресторан, кафеана, меана, кафуле – кај и да се појде нема да се згреши”.

За себе Влатко вели дека знае да заседне во кафена како прав гурман, со одбрано друштво и со вистинска намера. „Сепак поради брзото темпо кое ми го нуди мојата работа и брзиот живот кое го практикуваме јас и моите колеги, честа и онаа брза исхрана од “од нога” но сепак убаво избрана и одмерена“.

Кога би морал да бира секогаш за него на прво место е домашната храна. Според него ништо не може да ги замени домашното тавче гравче, полнетите пиперки и мусака, кои се само дел од неговите омилени јадења. Типичен гастрономски порок нема, но обожава феферони во било каква пригода и комбинација.

Ако ве покани на вечера или ручек, не очекувајте премногу од неговите кулинарски вештини. Ни се повери дека не е некој голем кувар, но знае да направи неколку нешта. „Ќе ве излажам доколку ви кажам дека имам некој голем специјалитет. Обично знам да си направам од оние лесно приготвувани јадења“.

На идеална романтична вечера најважен детаљ за него е доброто вино, додека изборот на храна е второстепен. Ова е најверојатно поради тоа што не е некој голем маанџија, не е воопшто пребирлив и нема листа на храна која ниту од куртоазија не би ја пробал. Единствено не сака премногу мрсна храна.

Омилен пијалак… вода
Oмилена салата…зелена
Омилен десерт…палачинка
Омилен ресторан…„Гала кујна“

Омилено дневно мени

Доручек…….. варени јајца, салата, овошје
Ручек…. стек, салата, вариво, ориз
Вечера…..овошје, салата