Др. Нела Деспотовска –
Доктор по општа медицина
и нутриционист во Виталиа


За да се случи оплодување потребен е посебен режим на исхрана односно на организмот треба да му ги обезбедите сите неопходни нутритиенти.

Зелениот листест зеленчук (спанаќ, кељ) се одличен извор на фолна киселина, која помага во превенција на дефекти во невролошкиот систем. Варете го зеленчукот на пареа бидејќи топлата храна ја подобрува плодноста.

Производи богати со калциум – важен за развојот на скелетот кај фетусот. Бидејќи е потребно време да се покачи нивото на калциум во телото, треба да почнете со земање на калциум уште додека се обидувате да забремените. Исто така калциумот ќе го внесете и преку млечните производи кои поволно делуваат на јајниците. Можете да земате и полномасен јогурт и сирење, бидејќи на Вашето тело му требаат и малку маснотии, за да ги апсорбира нутриентите важни за плодноста.

Продукти богати со омега 3 киселини – во нив спаѓа рибата која е одличен извор на витамин Д, а би требало да ја јадете два до три пати неделно. Следат продуктите кои содржат здрави масти како што се авокадо, орев, семиња од тиква и лен.

Малини -се богати со фитонутриенти кои се одлични во борбата со различни болести. Исто така содржат голема количина витамин Ц, кој е важен за нормалното создавање на колаген. Исхраната во која има ниско ниво на витамин Ц, го зголемува ризикот од предвремено породување. Затоа почестете се со една рака бобинки, измешани со малку јогурт и цереалии, наутро, за убав и здрав почеток на денот.

Вашите оброци треба да бидат составени од разновидна храна, која ќе вклучува: овошје и зеленчук, интегрални житарици.

Храна богата со протеини месо, пилешко, риба(имајте барем 2 оброка риба неделно), јајца и мешункасти растенија (грав, леќа и сл) кои се исто така богати со железо.

Храна богата со растителни влакна. Тоа ќе го спречи запекот. Растителните влакна најмногу можат да се најдат во интегралниот леб, интегрален ориз, овошјето и зеленчукот.

Млеко, јогурт, сирење и сл. Овие производи се богати со калциум, кој пак е исклучително важен. Доколку патите од киселини или мачнини, обидете се да јадете повеќе помали оброци, наместо 3 поголеми.

Витамини и минерали

Фолна киселина учествува во создавањето на крвните клетки, метаболизмот на нервните клетки, во делбата и диференцирањето на клетките. Се препорачува да почне да се зема 1-3 месеца пред забременувањето и тоа по 400 микро грами дневно, се до 12 недела од бременоста.

Се препорачува да се храните со храна богата со железо. Освен тоа потребно е да земате доволно количество витамин Ц. Тоа ќе му овозможи на организам да биде поефикасен во абсорбирањето на железото. Продукти богати со железо: рвено месо, житарки, зелен зеленчук, семки тиква, спирулина, леќа.

Од палетата на Виталиа Ви ги препорачуваме следниве производи:

Цветен прав – е природен еликсир со извонредна богата содржина на избалансирани хранливи материи, природна комбинација на витамини (А, Б, Ц, Е), минерали ( натриум, калциум, магнезиум, железо,) и протеини. Делува поволно во случај на замореност и го зајакнува организмот при ментален замор и исцрпеност.

Интегралните житарици ( овесни, ржени, пченични, јачменови) претставуваат богат изор на природни шеќери и витамини, посебно од Б групата, витаминот Е како и растителни влакна кои ја подобруваат  перисталтиката на цревата, го регулираат пореметениот метаболизам на масти и шеќери што се манифестира со пораст на холестеролот, триглицеридите и шеќерот во крвта. Снегулките од житарици можете да ги подготвите како еден многу лесен оброк кој ќе Ви даде свежина и сила. Можете да ги потопите со чај, сок или соино млеко.

Маџун – природен производ добиен со концентрација на гроздов сок од најквалитетни видови винова лоза. Е одлично средство кој го зајакнува имуниот систем, помага при инфекции на дишните патишта, во случај на слабокрвност (анемија) и при нарушена функција на црниот дроб. Се препорачува 1 супена лажица 1-2 пати дневно растворена во вода, сок или млеко. Може да се користи и како засладувач на мусли, житни снегулки, каши.

Семки од чиа е најбогат природен извор на Омега 3 масни киселини (дури 30%), Омега 6 масни киселини (10%), протеини и антиоксиданти. Исто така семето до чиа е одличен извор на фосфор, манган, калциум, цинк а содржи и висок процент на диетални влакна. Дневна препорачана доза е 5 гр.(1 супена лажица).

Чај од брусница – брусницата претставува бобинкаст (зрнест) плод со многу лековити својства корисни за здравјето. Има благо киселкаст вкус и арома својствена на плодот. Содржи богатство од витамини од Б групата, витамин Ц, минерали, растителни влакна и голем број на заштитни материи како што се биофлавоноидите. Чајот од брусница претставува природна мешавина од сушена брусница, цвет од хибискус, плод од шипка и јаболко. Се карактеризира со природна арома на сите состојки и освежителен вкус. Поради високата содржина на витамин Ц се употребува за зајакнување на имунитетот и  кај лица со уринарни инфекции.

Четири мелени семиња – избалансирана мешавина од 4 мелени семиња (тиква, сончоглед, лен и сусам). Оваа мешавина содржи висока содржина на влакна кои ќе Ви помогнат во решавање на вашиот проблем. Помешајте 2 супени лажици со млеко или јогурт или додадете ги во житарици.