Како што веќе споменавме во првиот дел од оваа статија, протеините, витамините и минералите имаат голема улога во зачувувањето на здравјето на вашите заби. Во продолжение ќе прочитате малку повеќе за некои од најважните витамини и минерали и кои се последиците од нивниот недостаток.

Недостаток на витаминот А во текот на растењето и развојот на забите води до изобличување и одумиранје на амелобластите, ќелии кои ја создаваат забната глеѓ. Освен тоа, витаминот А е неопходен за обликувањето на сите забни ткива, така што, ако го нема во доволни количини, доаѓа до нивно оштетување. Продукти во кои витаминот А е присутен во најголеми количини се морковите, доматите, кајсиите, кељот и свинскиот џигер.

Недостатокот од витамини од групата Б првенствено предивикува промени во слузницата на устат што доведува до различни пореметувања и болести. Витамините од групата Б се најмногу присутни во пивскиот квасец, интегралниот леб, компирот, ементалер, немасно свинско месо.

Недостаток од витаминот Ц предизвикува промени во телото на забите, дентинот, но и во вилицата, па може да доведе до расклатување и испаѓање на забите. Обично, недостатокот на овој витамин е пропратен со крварење од непцата. Инаку, витаминот Ц го има во изобилство во киви, портокали, лимони, магдонос, пиперки и брокула.

Недостатокот на витаминот Д доведува до промена на заемниот однос помеѓу количините на калциум и фосфор во организмот што предизвикува пореметувања во минерализацијата на коските и забите. Недостатокот од овој витамин предизвикува промени и во дентинот и во забната глеѓ, придонесува за доцнење при растењето на забите и крив загриз. Витаминот Д е најмногу присутен во рибиното масло, јајцата, мелкото, путерот, лососот.

Недостатокот од калциум особено го погодува дентинот, бидејќи овој минерал е и неговиот најважен дел. Доведува до порозност на забите и нивна кршливост. Калциумот најмногу се среќава во млекото и млечните производи, жолчките од јајца, спанаќот и чоколадите.

Недостатокот од фосфор предизвикува промени во градбата на забите, па дентинот не е доволно тврд и цврст. Најбогати извори со фосфор се живината, рибата, сирењата и оревите.

Недостатокот од флуор е најпознатата причина за слаба забна глеѓ. Флуорот го има во млекото, изворска вода и во многу други продукти, особено во детската храна. И готварската сол најчесто се продава збогатена со флуор.

Која е приказната на гумите за џвакање?

Мастиките или гумите за џвакање се дури и корисни за забите, бидејќи помагаат во разградувањето на храната која е залепена за забите и го поттикнуваат создавањето на плунка. Гумите за џвакање со ксилитолит (замена за шеќер) буквално го намалуваат настанокот на кариес.