Уште еден специјалитет од домашната Мигусто пекара. Вртена пита кој ќе ве воодушеви со својот вкус. Се подготвува многу едноставно и со малку вештина ќе добиете совршено вкусна и декоративна пита. Задолжително подгответе ја и пишете ни како ви се допадна.

Вртена пита

By Мигусто Published: April 23, 2013

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 1 hr 55 mins

Уште еден специјалитет од домашната Мигусто пекара. Вртена пита кој ќе ве …

Ingredients

Instructions

  1. Подготвено тесто1.Од состојките за подготовка на пита замесете релативно меко тесто. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло да нарасне (барем дупло).
  2. Расукано тесто2.На набрашнета површина, од стасаното тесто расукајте поголема долгнавеста кора. Намачкајте ја со растопен путер.
  3. Тесто исечено на лентички3.Надолж, сечете ја кората на тенки лентички, притоа водејќи сметка да не а исечете до крај.
  4. Ролување на тестото4.Свиткајте го едниот крај, дијагонално и ролувајте го тестото.
  5. Ролување на тестото5.Внимателно ролувајте го се до крај т.е се додека не добиете долг ролат.
  6. Вртење на питата6.Од едната страна, свиткајте го навнатре ролатот и формирајте полжав.
  7. Вртена пита спремна за печење7.Вртената пита оставете ја повторно да нарасне. Во меѓувреме, вклучете ја рерната на 200 степени.
  8. Испечена вртена пита8.Непосредно пред печење, намачкајте ја со жолчка. Печете околу 30-тина минути или се додека не добие златно кафена боја. Оставете ја млаку да се олади и сервирајте ја.