Мали питички во форма на вртени полжави. Таман за еден човек. Но проблемот е што се толку вкусни што секогаш ме тераат да правам дупла доза за да не остане некој гладен. Моите омилени мали питички.
Вртени полжави
By July 23, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 1 hr 25 mins
Мали питички во форма на вртени полжави. Таман за еден човек. Но проблемот …
Ingredients
- 500 г брашно
- 150 мл млеко
- 1/2 коцка свеж квасец
- 150 мл вода
- 50 мл масло за готвење
- 1 ½ лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- малку маслиново масло (за премачкување)
Instructions
1.Од состојките за подготовка на полжавите замесете релативно меко тесто. Покријте го со крпа и оставете го на топло да нарасне (барем дупло).
2.Тестото поделете го на 8 топчиња и секое топче расукајте во долгнавеста кора. Одозгора намачкајте маслино масло.
3.Надолж, сечете ја кората на тенки лентички, притоа водејќи сметка да не а исечете до крај.
4.Свиткајте го едниот крај, дијагонално и ролувајте го тестото се додека не добиете долг ролат.
5.Од едната страна, свиткајте го навнатре ролатот и формирајте полжав. Оставете ги повторно да нараснат. Во меѓувреме, вклучете ја рерната на 200 степени.
6.Пред печење, намачкајте ги со жолчка. Печете ноколу 20-тина минути или се додека не добијат златно кафена боја. Оставете ја млаку да се олади и сервирајте ја.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна