Наместо да го пржите компирот, обидете се со печена варијанта, и тоа баш со оваа зачинета печена варијанта. Што повеќе да ви кажам освен дека е одлична, особено ако се искомбинира со ладно пивце. Ммммм!
Зачинет печен помфрит
By November 21, 2012
Published:Наместо да го пржите компирот, обидете се со печена варијанта, и тоа баш …
Ingredients
- 8 (средно големи) компири
- 1 кафена лажичка оригано
- 1,5 кафена лажичка црвен пипер
- 1 кафена лажичка буковец (лут или благ)
- 1 кафена лажичка мајчина душичка
- малку масло за готвење
- 1,5 кафена лажичка сол
Instructions
1.Загрејте ја рерната на 220 степени. Компирите измијте ги и излупете ги, а потоа исечкајте ги на стапчиња. Најлесно е прво секој компир да го исечете на тркалца, а потоа секое тркалце на стапчиња.
2.Во подлабок сад благо изматете ги двете белки.
3.Во друг сад измешајте ги сите зачини. Слободно прескокнете некој од предложените зачини, или пак додадете некој друг, по желба.
4.Потопете ги исечканите компири во белките и измешајте ги добро, за сите да примат од течноста.
5.Потоа префрлете ги во садот со зачини и повторно измешајте добро, додека сите стапчиња не се добро зачинети.
6.Намастете го тавчето за печење со малку масло за готвење и распоредете ги компирите. Печете околу 40 минути. Забелешка: ако сакате сите компирчиња да ја задржат формата и да не ви се залепат за тавчето, мешајте ги во тавата на отприлика секој 5-6 минути додека се печат.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна