За вистинските сладокусци и гурмани денес имаме одличен предлог за вас. Почестете се со пикантна пица со зачинет колбас. Право уживање со секој гриз. Уживајте!
Зачинета колбас пица
By October 18, 2012
Published:За вистинските сладокусци и гурмани денес имаме одличен предлог за вас. …
Ingredients
- 550 г брашно (за подготовка на тесто)
- 300 мл млеко (млако)(за подготовка на тесто)
- 100 мл масло за готвење (за подготовка на тесто)
- 1 коцка свеж квасец (за подготовка на тесто)
- 1 лажичка шеќер (за подготовка на тесто)
- ½ лажичка сол (за подготовка на тесто)
- 400 г колбаси
- 200 мл доматно пире
- 400 г кашкавал
- 1-2 пиперки (жолта и зелена)
- малки буковец
Instructions
1.Во подлабок сад ставете малку млеко, лажица брашно и шеќер, издробете го квасецот и оставете го да нарасне. Во друг сад ставете го остатокот од млекото, брашното и маслото за готвење и убаво измешајте. Кога ќе нарасне квасецот, додадете го и во смесата и измешајте. Оставете го малку да одмори.
2.На работна површина, тестото поделете го на 2 парчиња, исукајте го и префрлете го во тава за печење. Одозгора намачкајте го со доматно пире.
3.Во меѓувреме, колбасот исечете го на ситни парченца и на тава, со малку масло за пржење, запржете го.Додате и буковец. Пиперката исечкајте ја надолж. Кашкавалот изрендајте го.
4.Врз доматното пире, ставете од ренданиот кашкавалот, запржениот колбас и одозгора наредете парченца жолта и зелена пиперка.
5.Пицата печете ја во загреана рерна, на 200 степени, околу 20 минути или се додека тесто не стане крцкаво. Добар апетит!
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна