Мирисот на овие плетенки верувајте ќе ги вознемираат вашите комшиите од зграда. Ако почнат да ви се појавуваат на врата нека не ве фаќа паника. Се што треба да направите е поголема доза од овие зачинети плетенки и немате гајле. Наш предлог за дозата-наместо дупла, нека биде тродупла. Да не излезе дека за некој снемало, па да се налути:)

Зачинети плетенки

By Тетка Биберче Published: September 4, 2014

    Мирисот на овие плетенки верувајте ќе ги вознемираат вашите комшиите од …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготовка на тесто1.Во поголем сад првин ставете ги сувите состојки-брашното, квасецот, шеќерот и солта. Измешајте ги. Потоа додадете го маслиновото масло, млекото и водата.
    2. Месење2.Рачно, а најдобро со миксер измесете го тестото. Ако користите миксер ќе ви треба околу 8 минути, ако месите рачно нешто подолго. Тестото треба да биде меко и еластично.
    3. Стасување3.Префлете го тестото во друг сад премачкан со масло. Покријте го со фолија и оставете го да нарасне, на собна температура најмалку еден час.
    4. Стапчиња4.Префлете го тестото на работна површина наросена со брашно. Поделете го на осум еднакви делови. Секое топче со раце исукајте го на стапчиња долги 25 сантиметри.
    5. Подготовки на чворови5.Од секое стапче направете плетенка.Ако тестото при работата ви се лепи употребете брашно или малку масло.
    6. Премачкување6.Плетенките префлете ги во плех обложен со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 175 степени. Секоја плетенка премачкате ја со смеса од растопен путер, згмечен лук и оригано.
    7. Готови плетенки7.Печете од 15 до 18 минути. Кога ќе бидат готови покријте ги со крпа да се здушат неколку миниту, а потоа на лапачка.