За сите љубители на фурнарини, мигусто ви предлага една интересна варијанта на домашни зачинети стапчиња печени во грил тава. Стапињата во комбинација со сос, салата и пијалок, ќе бидат сосема доволни да ги натераат вашите пријатели повторно да ви се најават на гости.

Домашни зачинети стапчиња

By А.З. Published: February 9, 2014

    За сите љубители на фурнарини, мигусто ви предлага една интересна …

    Ingredients

    Instructions

    1. Сукаме тесто1.Квасецот растопете го во топла вода заедно со шеќерот, додадете го во садот со брашното, ставете малку сол и месете ја смесата. Во смесата додадете и 1 лажичка масло за готвење за да не се лепи. Млекото се додава по желба доколку сакате тестото да биде помеко. Откако убаво ќе се размеси,тестото се остава да стаса.
    2. Зачинето тесто2.Откако ќе стаса, тестото го расукуваме во форма во круг, го попрскуваме со претходно исечканите зачини (без лукчето) и тестото повторно го месиме за да се распределат добро зачините. Го оставаме тестото да одмори 20 тина минути.
    3. Готово тесто3.Откако тестото малку ќе нарасне, повотрно го расукаме со дебелина од 3 до 4 мм. (доколку грил тавата ви е помала, поделете го тестото на два дела)
    4. Испечени стапчиња4.Ја загреваме грил тавата, го премачкуваме тестото со масло за готвење(од двете страни) и печеме 5 минути од обете страни додека тестото не добие фина златна боја.
    5. Испечени и премачкани стапчиња5.Во меѓувреме во сад за готвење го топиме путерот заедно со лукчето. Кога тестото е испечено, додека е топло го премачкуваме со растопениот путер, го наросуваме со крупна сол и го сечкаме на стапчиња.
    6. Сервирајте со сосче6.Стапчињата се највкусни кога се топли, затоа веднаш сервирајте ги со вашиот омилен сос.