За загревање на телото и душата, па што би било подобро од чаша-две црно вино? Пробајте го нашиот рецепт за зачинето вино. О да, можете да го направите сами, ама никако немојте сами и да го пиете!
Зачинето црвено вино
By December 23, 2013
Published:За загревање на телото и душата, па што би било подобро од чаша-две црно …
Ingredients
- 1/2 шолјичка шеќер
- 1/4 шолјичка вода
- 1 кафена лажичка мелен цимет
- 4-5 зрна (цели) црн пипер
- малку мускатно оревче
- 1 портокал (свежо исцеден)
- 1 шише црвено вино
Instructions
- 1.Ставете ги сите состојки, освен виното, во тенџерче и ставете го на умерен оган да се вари околу 5 минути (додека шеќерот добро не се растопи).
- 2.Тргнете го тенџерчето од оган, па додадете го виното. Добро промешајте, вратете го на оган и варете до пред вриење (ако зоврие виното, алкохолот ќе почне да испарува). Послужете го жешко.