Студените денови, есенските и зимските ветрови знаат прилично да влијаат на нашето здравје. Верувале или не, зачините се прва помош, кои ќе ви помогнат пред налетот на настинки, ќе го подобрат вашиот имунитет и она што е најважно тоа ќе го сторат на природен начин, без употреба на никакви лекови. Ова е листата од пет зачини кои не само што ќе ви помогнат да го сочувате вашето здравје, туку и секој оброк ќе ви го направат повкусен.

Ѓумбир
Ѓумбирот потекнува од Југоисточна Азија. Со векови се цени поради неговите исклучително кулинарски – поради неговиот остар мирис и пикантна арома која на многу јадења им дава посебен шмек, но и поради медицинските својства. Свежиот ѓумбир е богат извор на калциум, бакар, манган, магнезиум, селен, цинк и железо. Од витамини во поголеми количини содржи витамин Ц и витамини од Б комплексот , особено витаминот Б6.

Што се однесува до благотворните дејства на ѓумбирот тоа пред се должи на супстанцијата gingerol која ја содржи овој зачин. Тој го поттикнува имунитетот, има анти воспалително и анти бактериски својства. Го подобрува дишењето, помага при лечење на настинки и грип.

Ако до сега не сте го користеле ѓумбирот, сега е вистински момент за тоа. Одлично оди како додаток со пилешко и риба, но како додаток за супи, житарки, ориз. Со ѓумбир можете да направите шарени колачиња со ѓумбир рецепт кој ние го имаме направено и можете да го најдете на овој линк.

Цимет
Цимет е една од најстарите зачини познати на човекот. Старите Египќаните го додавале на многу пијалоци и со него лекувале различни болести. збогати пијалоци и лекување на различни болести. Постојат стотици видови на цимет, но најпопуларни се циметот од потекнува од Цејлон и од Кина.

Циметот е богат со диетални влакна , манган , калциум и железо, а во помала мера содржи магнезиум, селен , цинк и витамин Ц. Етеричните масла кои содржи во себе е одговорен за ароматични вкус, но и за бенефитите кога станува збор за здравјето. Помага при проблеми со дигестивниот систем, ја стимулира работата на дебелото црево и затоа ја намалува надуеноста и грчевите во стомакот. Исто така циметот има благотворно влијание врз нивото на масти и холестерол, но исто така и на ниво на шеќерот во крвта, која е главната причината зошто се препорачува на дијабетичари.

Мирисот на цимет стимулира делот од мозокот и го подобрува когнитивните способности. Цимет ја стимулира циркулацијата и го загрева телото. Во кинеската традиционална медицина се користи како средство за ублажување на симптоми на настинка и грип. Цимет е вообичаено додава при подготовка на напивки, за десерти, овошни јадења и колачи, особено оние приготвени со јаболка. Исто така циметот може да се користи и подготовка на слатки компири, моркови и јадења со месо како јагнешко, пилешко или мелено говедско месо.

Ким
Ким е двогодишна билка кое дава плод чии семки се користи од дамнина. Овој зачин ја подобрува работата на стомакот, го подобрува варењето и ги намалува грчевите. Го елиминира лошиот здив и ја стимулира работата на бубрезите. Кимот ја смирува кашлицата и е одличен борец против настинките кои се чести во зимскиот период.

Најчесто овој зачин се додава на пекарски производи, одли одлично во комбинација со чорби, варен грав, а се користи и како специјална арома на неколку типови на сирења.

Анасон
Анасон е едногодишно растение чиј необичен влакнест сиво зелен плод има извонредни лековити својства. Според благотворните дејства е сличен како и кимот, односно ја подобрува работата на желудникот и цревата, па затоа се препорачува како природен диуретик. Бидејќи помага при кашлица, овој зачин е идеален за ладните денови.

Има повеќе употреби, особено за приготвување на десерти. Сушени семки често се додаваат на печива и колачи. Одлично го надополнува вкусот на сосови и чорби, а може да се додаде и во салата. Поради својот интензивен вкус, најдобро оди во комбинација со ким, но не и со останатите зачини.

Куркума
По потекло од Југоисточна Азија, куркумата последниве години го привлече вниманието на научната заедница поради своите многубројни лековити својства. Ова жолт зачин со горчливо -сладок вкус е најдобро познат како еден основните состојки при подготовка на кари, по кое карито и ја добива препознатливата интензивна жолта боја. .

Куркумата содржи голем број на витамини и минерали , пред се нагласува содржината на Б6 витамин , Б3, фолна киселина и калиум, железо и манган. Исто така, добар извор е на диететски влакна , а содржи и омега- 3 масни киселини. Куркумата има моќна анти воспалителни и антиоксидантни својства.

Исто така e погоднa за дијабетичари поради тоа што има благотворно влијание врз инсулинска резистенција, а помага и на луѓе со кардиоваскуларни проблеми, бидејќи се смета како одличен борец против лошиот холестерол. Куркума во кујната може да се додаде како арома разни сосови и маринади. Одлично оди во комбинација со ориз, пилешко и месо, но и со морска храна, како и за подготовка на преливи за салати.