Штрукли се хрватски специјалитет особено популарен кај загорците. Ги има во повеќе варијанти, солени, благи, варени, печени и комбинирани. Една од моите омилени варијанти е токму оваа која ја споделувам со вас.
Загорски штрукли
By August 27, 2012
Published:Штрукли се хрватски специјалитет особено популарен кај загорците. Ги има …
Ingredients
- 300 г брашно (состојки за тесто)
- 1 јајце (состојки за тесто)
- 1 лажица масло за готвење (состојки за тесто)
- 2 лажици бело вино (состојки за тесто)
- 1/2 лажичка сол (состојки за тесто)
- малку млака вода (состојки за тесто)
- 250 г кравјо сирење
- малку масло за готвење за попрскување
- 100 г растопен путер (состојки за фил)
- 1 јајце (состојки за фил)
- 1 шолја кисела павлака (состојки за фил)
Instructions
1.Во сад ги ставаме сите состојки за тестото и месиме средно меко тесто кое се дели на три топчиња. Секое топче добро се мачка со масло, се става во соодветен сад, се прекрива со пластична фолија (за да не се суши) и се остава 1 саат тестото да се „одмори“. Ако просторијата во која се работи е топла, тогаш топчињата се ставаат во ладилник.
2.Откако тестото се „одморило“, се пристапува кон тегнење на корите. Тоа се прави на маса прекриена со чаршав. Топчето се става на средината и нежно се тегне од средината кон краевите. Откако е добиена тенка кора, врз целата површина се наросува издробено сирење. Се попрскува со масло и со помош на чаршавот се завиткува во ролна.
3.Со помош на работ на една чинија (за да се залепат краевите а филот да не излезе) се сечат парчиња широки околу 5 см (колку 4 прста) и се редат врз чаршав за да не се залепат. Подготвените штрукли ги вариме во солена вода околу 7 минути.
4.Сварените штрукли со лажица-цедалка ги вадиме од водата и ги редиме во еден ред во подмачкана огноотпорна тава. Ги прелеваме со растопен путер и со претходно изматените состојки за фил.
5.Штруклите се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минутни т.е. се додека горниот слој убаво не зарумени.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Сложена