Ако сте љубител на захер торта, тогаш и овие захер коцки сигурно многу ќе ви се допаднат. Се подготвуваат навистина едноставно и брзо, а имаат неверојатен вкус. Пробајте ќе се уверите.

Захер коцки

By Тетка Биберче Published: September 8, 2015

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 50 mins

Ако сте љубител на захер торта, тогаш и овие захер коцки сигурно многу ќе …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Со помош на миксер, изматете ги белките заедно со шеќерот се додека не добиете поцврст шлаг.
  2. 2.Настрана, со виљушка, изметете ги жолчките. Чоколадото и путерот растопете ги на пареа или пак во микробранова печка и измешајте ги со жолчките.
  3. 3.Во помал сас, брашното измешајте го со какаото.
  4. 4.Во садот со белките, мешајки со миксер на најспора брзина, додадете ги изматените жолчки со чоколадо и путер.
  5. 5.Додадете го и брашното и какаото но овојпат мешајки со силиконска лажица (не со миксер).
  6. 6.Тавата за печење обложете ја со хартија за готвење и смесата за пандишпанот истурете ја и добро распоредете ја.
  7. 7.Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу 20 минути.
  8. 8.Изладениот пандишпан, поделете го на три идентични дела.
  9. 9.Секој дел премачкајте го со мармалад од кајсии, неставајќи на последниот дел.
  10. 10.Оставете го да се олади и исечете го на коцки.
  11. 11.Чоколадото заедно со маслото за готвење растопете го пареа. Секоја коцка потопете ја во растопеното чоколадо и ставете ја врз мрсна хартија за да се стврдне чоколадото.
  12. 12.По желба, декорирајте ги со бело чоколадо.