Уште еден летен специјалитет кој мора да го направите се додека може да се купи македонска лубеница. Егзотични залчиња кои ќе ве импресионираат со својот вкус. За поготвуање на оваа закуска не треба никаква кулинарска вештина и знаење, што е доволна добра препорака да ги пробате уште денес.
Залчиња од лубеница и сирење на скара
By August 29, 2012
Published:Уште еден летен специјалитет кој мора да го направите се додека може да …
Ingredients
- 1 голема кришка лубеница
- 10 парчиња фета сирење
- малку балсамико оцет
- малку маслиново масло
- 10 ливчиња босилок, нане или рукола (по желба)
Instructions
1.Лубеницата исечете ја на парченца. Исчистете ги семките.
2.Подгответе го сирењето. Ние корисевме фета, вие можете било кое сирење по важа желба.
3.Премачкате ја грил тавата со малку маслиново масло. Запечете ги парченцата лубеница од двете страни.
4.Истата постапка направете ја и со сирењето. Веднаш штом се појават траги од грил тавата на фетата и лубеницата тоа е знак дека се доволно запечени.
5.За послужување направете посебна декорација. Парче лубеница, па сирење, потоа рукола (или нане/босилок) и одозгора уште едно парче лубеница. Накапете неколку капки оцет балсамико.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна