Брзо, вкусно и колоритно. Супер ручече за приготвување во оние моменти кога немате премногу време, а сакате да си направите оброк по дома.Направете ја оваа комбинација и уверени сме дека ќе ви стане една од омилените. Добар апетит.

Запечена тестенина со туна

By Тетка Биберче Published: December 13, 2013

  • Prep: 35 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 1 hr 15 mins

Брзо, вкусно и колоритно. Супер ручече за приготвување во оние моменти …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Рерната загрејте ја на 180 степени. Тестените подгответе ги според упатството на кесичката, исцедете ги и измијте ги со ладна вода.
  2. 2.Кромидот ситно исечкајте го и во подлабок сад, на масло за готвење запржете го. Пченкарното брашно растворете го со вода, измешајте го со доматниот сос и сипете го садот со кромидот. Откако ќе зоврие зачинете со оригано, сол и црн пипер и оставете да се вари околу 5 минути.
  3. 3.Во садот додадете ја туната и сварената тестенина.
  4. 4.Подгответе го сосот: во тава, на тивок оган растопете го путерот па додајте го брашното. Потоа постепено додавајте млекото се додека бешамел сосот не се згусне. Зачинете со сол, црн пипер и оригано. Доколку ви се чини дека сосот е густ, слободно додадете уште малку млеко. Накрај додадете го спанаќот и добро промешајте.
  5. 5.Тавата за печење намастете ја, истурете ја туната измешана со тестенината а одозгора истурете од сосот. По желба, нарендајте пармезан и печете околу 25 минути се додека не добие златно-кафена боја.