Палачинки се права класика. Било како приготвени секогаш доволно вкусни за да бараме репете. За да повторно не правиме стандардни ролувани палачинки, денес решивме да направиме нешто слично, но сепак рaзлично. Ролувани потпечени палачинки со сос од павлака, јајце и јогурт.
Запечени палачинки
By August 31, 2012
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 40 mins
Палачинки се права класика. Било како приготвени секогаш доволно вкусни …
Ingredients
- 4 јајца (тесто за палачинки)
- 300 г брашно (тесто за палачинки)
- 100 мл масло за готвење (тесто за палачинки)
- 200 мл кисела вода (тесто за палачинки)
- 500 г бело сирење (состојки за фил)
- 1 кисела павлака (состојки за фил)
- 150 г маринирани печурки (состојки за фил)
- 1 јајце (состојки за прелив)
- 1 кисела павлака (состојки за прелив)
- 100 мл јогурт (состојки за прелив)
Instructions
- 1.Во пластичен сад ставете ги сите состојки за подготовка на тестото за палачинки. (од оваа доза излегуваат околу 20). Убаво изматете.
- 2.Во тефлонско тавче испечете ги палачинките. Во меѓувреме подгответе го филот. Издробете го сирењето, помешајте го со киселата павлака и печурките. Додадете зачини по вкус - сол, црн пипер, оригано...
- 3.Со овој фил наполнете ги готовите палачинки. Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте го ватросталното тавче со малку путер.
- 4.Наредете ги палачинките во тавчето, а одозгора прелијте ги со сосот од изматеното јајце со павлаката и јогуртот. Печете околу 20 минути. Сервирајте топло. Бон апетит.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна