И мирис и вкус. Запечени свински ролнички кои се совршени за приготвување во моментите кога немате идеја што денес да направите за ручек. Одличен и едноставен рецепт кој сигурни сме дека ќе ви се допадне. Добар апетит.
Запечени ролнички месо
By January 14, 2014
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 1 hr 10 mins
И мирис и вкус. Запечени свински ролнички кои се совршени за приготвување …
Ingredients
- 700 г свинско филе
- 500 г печурки
- 2 главици кромид
- 2 јајца
- 150 г кашкавал (рендан)
- 200 г павлака за готвење
- малку сол, црн пипер
- малку масло за готвење
Instructions
1.Кромидот исчистете го, исечкајте го и на малку масло за готвење пржете го се додека не омекне и не се карамелизира.
2.Печурките исечкајте ги на ситни парчиња и ставете ги во тавата со кромидот. Пржете ги се додека не испари водата која ја испуштија печурките.
3.Јајцата сварете ги, исечкајте ги и додадете ги во тавата заедно со печурките.
4.Додадете го и ренданиот кашкавал, зачинете с сол и црн пипер и се добро промешајте. Филот за полнење на ролните е готов.
5.Месото исечкајте го на тенки парчиња и удрете го неколку пати со чукалка за. Посолете го и запиперете го од двете страни.
6.На едниот крај од месото ставете две лажици од филот и завиткајте го месото во ролат.
7.Боцнете го со чечкалица за да не се распадне при пржење. Постапката повторете ја со целото месо.
8.Во тава, на малку масло за готвење, запржете ги ролните од двете страни.
9.На ролните извадете им ги чечкалиците и префрлете ги во огноотпорен сад за печење. Павлаката измешајте ја со една чаша вода и налејте ја во садот за печење. Посолете и запиперете.
10.Печете ги околу 30 минути, на 180 степени. Сервирајте ги топли.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна