Јаболкото е хранливо и лековито овошје кое е богато со витамини и минерали. В0 100 г јаболко има околу 50 калории. Нејзиното месо е слатко, но најмногу хранливи материи се наоѓаат во нејзината кора. Таа содржи 6 пати повеќе витамини од месото. Низ желудникот јаболкото поминува за околу 20 минути, и на тој начин му обезбедува на организмот корисни и хранливи материи. Меѓутоа, потребно е добро да се сожвака за да може полесно да се свари.

За да го одржиме телото витко, а организмот здрав, потребно е да се храниме здраво и да одржуваме континуитет. Затоа, водете сметка на вашата трпеза секојдневно да има што е можно повеќе овошје. За одржување на балансот и зачувување на здраво и витко тело, експертите препорачуваат секој ден да се започне со јаболко. Најдобро е да ја изедете на празен стомак затоа што е богата со диетални влакна кои го регулираат варењето, па вашиот организам на самиот почеток на денот ги добива потребните хранливи материи. Секако јаболкото е подобар избор од шолја кафе и брза храна за појадок, што за жал, е навика која брзо се прошири благодарејќи на стресниот и брз начин на живот. Секако водете сметка добро да го измиете јаболкото пред да го изедете, бидејќи сигурно е прскано против инсекти и штетници. За  добро миење, користете што е можно потопла вода и добро изрибајте го јаболкото со обичен сјај за садови или пак со сода бикарбона.

Истражувањата покажуваат дека луѓето со средна возраст кои во своето мени секојдневно имаат јаболко, значително го намалуваат ризикот од срцеви болести. Понатаму, јаболкото е одлично и ако се соочувате со грчеви во мускулите, кои се знак дека на вашиот организам му недостасува калиум, кој можете да го надокнадите со јадење на јаболко. Освен за мускулите, калиумот е важен и за растот, како и правилната работа на срцевиот мускул. Јаболкото е богато и со витамини А, Б и Ц, калциум, фосфор и пектин кој го намалува нивото на холестерол во крвта. Во јаболкото исто така има и ензими кои помагаат во разградувањето на целулитот. Јаболкото, освен што е одличен антиоксидант, помага и во борбата против ракот.