Не знам за вас, ама мене еден од најголемите пробеми при готвењето ми е дефинитивно прскањето. Односно, да бидам поконкретна, не ми е проблем да готвам, ама затоа и тоа како ми е проблем кога морам се да исчистам после тоа. И ова особено се однесува на моментот со пржење. Колку и да внимавам, прска масло на сите страни, се валка, а после оди па исчисти го тоа!

И така јас си се мачев и мачев со години. Знам што ќе ми кажете – аман бре жено, па затоа се измислени капаците! Покри таму тоа тавчето и немој веќе да не заморуваш! Ееее, и јас си мислев така на почетокот. Не знам дали е до мене, ама ова со капациве и не успева баш секогаш. Прво, треба да го најдам оној со соодветна големина, па ќе го ставм на тавчето, па треба да го тргнам секогаш кога мешам и превртувам, па треба да го свртам обратно за да го оставам настрана или уште толку ќе измастам (и овде обавезно си ги горам рацете!!!), па ми требале две тавчиња и едно тенџере, па сите имаат различни капаци – ооо, можам да редам вака до сабајле!

Но, ова беше се додека не си го најдов овој универзален заштитен капак за против прскање! Опасно добро, што да ви кажам. Ем не ми прска наоколу, ем ми пасува на сите можни тенџериња и тави! Совршено! Инаку, может да се најдат слични решетки за истата намена и кај нас, ама ова, покрај што е супер практично има и уште една добра страна – изгледа супер, а можете да си го набавите овде!