Кујнава навистина со мерак си ја опремував. Си бирав се да ми биде во тон, па да биде модерно, па да биде убаво и така натаму. И во сето тоа бирање, направив една опасно голема грешка, а тоа беше што си купив шпорет со метална површина, а не класичен бел. Леле, маки мои!!! Плочата ми е чиста само 10 минути после сериозно рибање и чистење. А нешто земам да сварам, а не дај боже да запржам и се оди во неповрат. А не знам дали спомнав дека и кога е чистен шпоретот, исто како да не е, бидејќи се познаваат линии од крпата или сунѓерчето. Гррррр!

Значи, купете си бел шпорет и ич да не му се секирате! Лесно се чисти и ништо не се познава на него! Ако веќе имате иста мака како мене, тогаш бареме набавете си го овој заштитен параван за готвење овде, колку прскањето да ви биде фокусирано на едно место, па да не морате да рибате ама баш се наоколу. Можеби и не изгледа како најсовршено решение, ама врши работа, морам да признаам!