Вкусни мали месени бротчиња наполнети со зелка. Супер вегетаријанска варијанта за оние кои не сакаат месо. Ако пак сакате замена за зелката можете слободно да ги наполните со спанаќ или блитва. Резултатот е повторно одличен.
Затворени бродчиња
By November 5, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 1 hr 20 mins
Вкусни мали месени бротчиња наполнети со зелка. Супер вегетаријанска …
Ingredients
- 400 г брашно
- 150 г путер и маргарин (омекнати)
- 1 јајце
- ½ коцка свеж квасец
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 100 мл вода (околу)
- 500 г свежа зелка (фил)
- малку млеко (фил)
- малку сол, црн пипер, црвен пипер (фил)
Instructions
1.Подготовка на тестото: измешајте ги сите состојки, додајте вода и се месете се додека не добиете меко тесто. Се добива масно тесто кое не се лепи. Завиткајте го во пластична фолија и се оставете го во ладилник најмалку 1 час. За тоа време тестот ќе нарасне.
2.Исечкајте ја зелката, ставете ја во сад, додадете сол и млеко да ја покрие само половина од зелката. Садот покријте го со капак и ставете го на тивок оган да се динста 15 минути или се додека млекото не испари. Зачинете.
3.Тестото поделете го на топчиња тешки приближно 50 грама.
4.Од секое топче, со рака, формирајте не многу дебел катмер и во средината ставете една лажица од зелката.
5.Со помош на рака се залепете ги краевите, а потоа и подзавиткајте ги за не истече филот. Работ оставете го нагоре за да личат на чамци, но можат и да се легнат настрана, работ да се стави одоздола, но може и да се формираат топчиња. Вие изберете ја онаа варијанта која ви се бендисува.
6.Вака припремените чамчиња наредете ги во тава прекриена со хартија за печење или премачкана со тенок слој маргарин или путер. Премачкајте ги со јајце.
7.Печете ги во загреана рерна, на 200 степени, околу 15-20 минути. Оставете ги малку да се оладат и сервирајте ги.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна