Неверојатно вкусни желе „бонбони“ од дуња кои се топат во уста. Иделано десертче за вашите најмали и најмили, но верувајте ако решите да ги приготвите ќе им се допаднат и на постарите членови на вашето семејство.

Желе од дуња

By Мама Лиле Published: January 24, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 2 hrs 40 mins
  • Ready In: 2 hrs 50 mins

Неверојатно вкусни желе „бонбони“ од дуња кои се топат во уста. Иделано …

Ingredients

Instructions

  1. Дуња и лимон1.Дуњите добро се мијат, ако е потребно и со четка за заби за да им се отстрани мовта. Се сечат на четвртинки (а ако се големи и на поситни парчиња), се вадат семките и тврдиот дел околу нив (но не се фрла, освен ако се мувлосани што често се случува кај дуњите).
  2. Исечкана дуња и лимон2.Лимонот се сече на тенки тркалца и им се отстрануваат семките. Вака приготвените парчиња од дуњи и лимон се ставаат во тенџере и се залеваат со вода. Семките пак се ставаат во газа, се врзуваат и тие се ставаат во тенџерето. Се варат се додека дуњите бидат потполно меки.
  3. Блендирање на смесата3.Откако дуњите се омекнати, се фрла газата со остатоците и целата смеса се блендира (лимонот не треба да се вади). Ќе се добие една хомогена смеса со жолта боја.
  4. Додавање на шеќер во смесата4.Се враќа на оган, се додава шеќерот, се меша и се започнува со варење. На почетокот на силен оган се додека зоврие, а потоа се остава да врие на тивко. Варењето на смесата трае долго време, дури до 3 часа, притоа со повремено мешање за да не загоре.
  5. Згусната смеса5.Варењето трае се додека не ја добие потребната густина т.е откако смесата се задржува (не паѓа) на дрвената лажица. Ако не, значи дека треба уште да се вари. бидејќи ако не е доволно густа тогаш желе бонбоните ќе бидат меки и нема да си ја задржуваат формата.
  6. Желе во тавче6.Во со тек на варењето, смесата ја менува бојата, станува црвена и колку што повеќе се вари толку бојата е потемна. Смеса се истура во правоаголен сад (или модли) обложен со хартија за печење, со дебелина од 2 см. и се остава да се олади (барем еден ден).
  7. Желе од дуња 27.Оладеното желе се вади од садот и се сече на помали парчиња. Секое парче се валка во кристален шеќер.