Ладно и лесно десертче што ќе ве заблажи и освежи во исто време. Во доверба кажано, мора да признаеме дека јагодите ни се неисцрпна инспирација деновиве!

Желе со јагоди и банани

By Гастронаутка Published: July 7, 2013

    Ладно и лесно десертче што ќе ве заблажи и освежи во исто време. Во …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во чаша ставете околу 100 мл од сокот и испрскајте го желатинот одозгора. Оставете го малку да набабри (околу 5 минути).
    2. 2.Во тенџерче ставете колу 100-150 мл од сокот, додадете го шеќерот и мешајте на умерен оган додека шеќерот не се растопи.
    3. 3.Тргнете го тенџерето од оган, додадете го растопениот желатин и мешајте додека не се изедначи смесата, а потоа додадете го остатокот од сокот и пак убаво промешајте.
    4. 4.Распоредете ги исечканите јагоди и банани во сад (може стаклено огноотпорно тавче), истурете го желатинот одозгора и потиснете го овошјето така да биде комплетно покриено со желатинот.
    5. 5.Ставете го садот во фрижидер и оставете го да се стегне (околу 3 часа).
    6. 6.За да го извадите десертот , потопете го садот во врела вода околу 5 секунди, а потоа превртете го врз чинија.
    7. 7.Декорирајте со малку шлаг пена. Забелешка: ако имате мали калапчиња, како за пудинг, уште поубаво.