Претпоставувам дека италијанското песто секому му е познато. Овој сос уште е познат како зелен сос и се вбројува меѓу првите 5 сосови кои се користа во кулинарството. Ако се бројат на прсти начините по кои мoже да се приготви еден ваков сос, тогаш прстите на двете раце не се доволни. Од огромниот број рецепти што ги прочитав, утврдив дека секој си го прави на сопствен начин, според сопствениот вкус но и според она што се наоѓа во сопствениот ладилник.
Оригиналното италијанско песто се прави со листови босилок, маслиново масло, пармезан и лук, а во него се додават и семки од пињоли кои пак на жал се многу скапи. Затоа, во мојата варијанти, тие се заменети со семки од сончоглед. Оваа варијанта на зелен сос е многу вкусна, а да не говорам за прекрасната зелена боја и за тоа колку е сосот здрав.
[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]
Зелен сос или песто
By March 17, 2014
Published:Претпоставувам дека италијанското песто секому му е познато. Овој сос …
Ingredients
- 50 г смеса од свежи млади ливчиња од спанаќ и рокола
- 50 г семки од сончоглед
- 50 мл масло (јас користам смеса од маслиново и сончогледово)
- 1-2 чешниња лук
- сол (по вкус)
- малку црн пипер
- 1 лажичка капари (по желба)
- 2-3 лажици пармезан
- 2-4 лажици кисело млеко, павкала, или јогурт
Instructions
- 1.Семките од сончоглед, ако се непечени, тогаш кратко време се пржат (без масло) додека малку не заруменат. И не мора да се пржат, но со пржени семки, поизразен е вкусот на зелениот сос. Оладените семки се блендираат заедно со лукот.
- 2.Се додава спанаќот и рокола, масло, црниот пипер и сол. Сето ова се блендира додека се изедначат состојките. На крај се додава пармезанот. Наместо пармезан може да се додаде сирење (кравјо, овчо или козјо).
- 3.Се добива многу густа смеса која може да се направи потечна ако се додаде кисело млеко, павлака или јогурт. Доколку сакате да биде уште потечна, тогаш слободно може да се додаде и малку зовриена, па оладена вода.