Фотографија која ќе ви отвори апетит и ќе ве натера веднаш да засукате ракави. Превкусна вегетаријанска пица со спанаќ, кашкавал и јајце, а одозгора наросен сусам. Суперишкаааааа.
Зелена вегетаријанска пица
By May 22, 2013
Published:- Prep: 50 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 1 hr 5 mins
Фотографија која ќе ви отвори апетит и ќе ве натера веднаш да засукате …
Ingredients
- 80 г брашно (состојки за тесто)
- 50 мл вода (млака) (состојки за тесто)
- 1 лажица масло за готвење (состојки за тесто)
- 1/4 лажичка сол (состојки за тесто)
- 1/4 лажичка шеќер (состојки за тесто)
- 1/4 коцка свеж квасец (состојки за тесто)
- 50-60 г обарен спанаќ
- 1 лажица павлака, кајмак или крем сирење
- малку сол
- 50-60 г кашкавал
- 1 јајце
- малку маслиново масло (за премачкување)
- малку сусам (за наросување)
Instructions
1.Во сад, измешајте ги сите состојки за подготовка на тестотот. Месете се додека не добиете фино тесто, покријте го и оставете го да нарасне.
2.Спанаќот обарете го, додадете павлака, сол и избледнирајте.
3.Тестото расукајте го во кружна форма. Загрејте ја рерната на 230 степени.
4.Тестото префрлете го во кружно тавче за печење. Намачкајте го тестото со малку маслиново масло.
5.Врз тестото, одозогора рамномерно намачкајте од изблендираниот спанаќ.
6.Изрендајте кашкавал и по желба наросете со сусам. Печете околу 5-6 минути.
7.Извадете ја пицата и одозгора искршете едно јајце. Повторно печете се додека не стане крцкава.
8.Пицата оставете ја неколку минути да се олади и сервирајте ја. Добар апетит!
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна