Зошто обично пециво кога може со малку спанаќ да се направи многу поинтересно и пошаренко. Со малку умеење ќе направите супер појадок со кој може да ги израдувате најблиските. Добар апетит ви посакува Наташа.
Зелено пециво
By October 21, 2013
Published:Зошто обично пециво кога може со малку спанаќ да се направи многу …
Ingredients
- 350 г брашно
- 1 кафена лажичка шеќер
- 1 кафена лажичка сол
- 1 жолчка
- 1/2 ќесичка сув квасец
- 150 мл млеко
- 30 г маргарин
- 60 г сварен, исечкан спана
- 1 јајце
- малку маргарин
Instructions
- 1.Соединете ги брашно,шеќер,сол,квасец и изматена жолчка.
- 2.Растопете го маргарин,загрејте го млекото,спремете го спанаќот. Замесете тесто. Оставете тестото да стаса.
- 3.Од стасано тесто на набрашнета маса обликувајте топки,и редете ги во премачкан плех со маргарин.
- 4.Оставете ги топките покриени уште 15 минути. Печете во загреана рерна на 180 степени.
- 5.Печено пециво,прекријте го,и оставете го 5-6 минути, а потоа послужете.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна