Познат унгарски десерт, кој ако имате прилика да одите во Будимпешта задолжително мора да го пробате. Ако не ве носи пат натаму, имаме одличен рецепт за приготвување на овој деликатес, кој импресионира со својот вкус.

Жербо коцки

By Тетка Биберче Published: June 6, 2013

    Познат унгарски десерт, кој ако имате прилика да одите во Будимпешта …

    Ingredients

    Instructions

    1. Тесто поделено на три топки1.Во подлабок сад ставете го млеко, додадете малку брашно и шеќер, издробете го квасецот и оставете го да нарасне. Во друг сад изматете го путерот со жолчките. Додадете го квасецот и постепено додавајте брашно. Мешајте се додека не добиете фина смеса и оставете го 40 минути да одмори. Потоа поделете го на 3 дела.
    2. formiranje-na-kori2.Исукајте го секое топче во форма на правоаголник (ние користевме плех со големина 20x35см). Со нож, исечете ги краевите на тестото за да добиете рамен правоаголник.
    3. Премачкување со џем од мармалад3.Тестото префрлете го во плехот кој претходно добро сте го намачкале. Намачкајте 3 лажици џем од кајсии.
    4. Премачкување со шеќер и ореви4.Врз џемот од кајсии наросете најпрвин пола шеќер па потоа наросете и од измелените ореви. Додадете ја и следната кора, со вилушка избоцкајте ја и филувајте по ист редослед. Постапката повторете ја и со третата кора.
    5. Испечен и исечен колач5.Загрејте ја рерната на 160 степени и печете околу 30 минути (доколку брзо потемнува намалете брзина). Слатката павлака зовријте ја со чоколадото за готвење, накрај додадете путер, мед и глазурата истурете ја врз колачот. Оставете да се олади и сервирајте.