Не е пребирлива личност, но има јадења кои не и се на листата на особено омилени. Избегнува да јаде десерти со шербет и никако ни од куртоазија не би пробала шкембе чорба, вели Живкица, познатата радио и тв водителка, која последниве години ужива во улогата на сопруга и мајка на малиот Даријан.

Раѓањето на нејзиниот син во голема мера и ги променил животните навики и стилот на живот, што значи и односот кон храната која ја јаде. „Сега откако Даријан е во нашите животи утринските оброци најчесто се на нога бидејќи мора се да се направи и да се замине на работа. Но, затоа најчесто за време на викендите си уживаме вистински во долгите оброци онака лезетски. Важно ми е каква храна внесуваме, внимавам во оброците задолжително да има зеленчук, овошје, протеини и не се заморувам да бројам калории. Кога ми треба да ја регулирам тежината знам што најмногу одговара на мојот метаболизам и на што најдобро ми реагира телото. Затоа практикувам храна богата со протеини, помалку јаглени хидрати и така балансирам. Така го трошам она плус од по некој хамбургер од седмица:)“

Живкица како што самата ни се пофали обожава да готви. Тоа за нејзе е релаксација и задоволство. „Од мојата мајка, баба, свекрва научив многу јадења. Научив дека е особено е важно да си го собереш семејството на ручек секој ден. Секако дека има денови кога не сакам да готвам. Сакам да пробам нечии туѓи специјалитети. Мислам дека денес младите сакаат генерално да научат да готват, сакаат да бидат вешти во кујна што особено ме радува.Усовршена сум во подготвување месо и проја тука нема утка додека кај благото знам да правам утки освен за пита со јаболка, за неа сум тата мата. “

За нејзе најважниот детаљ за идеална фамилијарен ручек или вечера е во топлата домашна атмосфера. Ако тоа го има доволно е на трпезата да има само лепче и ајварче и може да биде супер, вели Живикца. „Сакам ручек со супа салата, домашни јадења и некое слатко десертче. Во текот на неделата најчесто ручаме дома по напорните работни саати сакаме да си дојдеме дома и да си се собереме за ручек да се видиме си го раскажеме денот и се одмориме. За време на викендите практикуваме посета на ресторани го користиме времето особено ако е убаво и сончево да прошетаме и поголемиот дел од денот најчесто сме надвор. Е сега кога ќе дојде зима ништо поубаво од топла домашна атмосфера, убава софра и гледање добар филм или играње и активности со децата.“

Од храната која имала прилика да ја проба на своите патувања ни го испофали бифеткот во Рим и тестенините. „Нема да го заборавам бифтекот кој го јадев во Рим како ни шпагетите во специјален ресторан само за тестенини каде менито е подолго од 100 страни и ќе ви треба време и време да одберете што ќе пробате, а кога ќе ви го донесат ммммм.“

Омилен пијалак…чаша вино или свежо цеден сок – зависи од приликата:)
Омилена салата…шопска
Омилен десерт…сутлијаш

Омилено дневно мени…

Доручек…. јогурт со варено ѓеврече, или јајца во некоја варијанта. Сакам сега и ајварче со сиренце, а обавезно кафе или какао на пауза
Ручек…супа, салата некоја тестенина или месо-телешко, пилешко или риба со гарнир или мандџичка
Вечера...вецерите гледам да ми се помалку обилни. Уживам во чаша вино, малку пршута и кашкавалче, може да поминам некогаш и само со некое овошје или салата