Прилепска пиварница го лансираше новиот Златен Даб со нов изглед и врвен квалитет. Пивото има целосно нов изглед, со уште подобар вкус и висок квалитет. Новиот Даб има комбинација на иновативни елементи што го прават ова пиво единствен по својот дизајн, квалитет и вкус. Зеленото шише кое претставува меѓународно обележје на  одлично пиво е една од новините кај новиот Златен Даб. На неа се додаваат транспарентната етикета, новото шише кое е лесно за држење во рака, а со новото капаче ,,pull off” пивото лесно се отвора.

Новиот изглед на пивото е нова страница на Златен Даб. Подготвени сме за освојување на нови пазари надвор од земјава, што е дел од нашата развојна стратегија. Последната наша најголема инвестиција е само доказ дека постојано вложуваме во подобрување на квалитетот на нашите производи. Со новиот Златен Даб лансиравме пиво со автентичен изглед кој ги следи светските трендови за креирање на премиум пивски бренд. Но овде не застануваме, засега сме сигурни дека во моментов го имаме најдобриот пивски бренд во Македонија“, изјави Димитар Тодороски бренд менаџер на Прилепска пиварница

Долгогодишната  традиција, препознатливиот квалитет на брендовите, како и иновативноста посебно изразена во последнава деценија, се основен белег на работата на Прилепска пиварница. Доказ за тоа е и последната најголема инвестиција во линија за производство на пиво и газирани пијалаци во стаклена амбалажа и претходната во бескиселгурната филтрација со што Пиварницата е една од ретките во Европа што поседува ваква опрема.