Дали некогаш сте се запрашале зошто некои грицки можете да ги јадете во нормални (умерени) количини, а кога станува збор за чипс, кикирики, пуканки, едноставно никогаш не ни се доволни и бараме уште? Научниците велат дека се на добра патека конечно да го најдат одговорот на ова прашање.

Иако некои тоа го нарекуваат едноставно алчност, постои и друго име за ваквиот однос кон поединечни типови на храна, а тоа хедоистичка хиперфагија, вели германскиот научник Др. Тобиас Хох. Ова е научен темин кој ја дефинира активноста кога јадеме поради задоволство, а не поради глад. Рекреативното прејадување може да се појави кај сите луѓе и во сите периоди од животот, а хроничниот облик на оваа појава е клучен во приказната за таканаречената епидемија на дебелеење. Дејството на чипсот врз активноста на мозокот може да се објасни само делумно, и тоа со содржината на масти и јаглехидрати кои ги има во него.

Во чипсот постои уште нешто што го прави да крцка на интересен начин, кој пак го стимулира центарот за наградување во мозокот. Ова сознание може да има големо влијание на фармацевтската индустрија, и тоа во производството на нови лекови и прехранбени адитиви кои би можеле да го спречат хроничното прејадување.