Кога ќе доживеат емотивен пад, многу луѓе тагата ја лечат така што го напаѓаат фрижидерот. Лошо е тоа што, најчесто кога сме лути, очајни, тажни и нервозни, не можеме да се задоволиме само со неколку залачиња, па јадеме многу повеќе отколку што ни е потребно.

Резултатите од истражувањата извршени на еден универзитет во Германија неодамна покажуваат дека емоциите влијаат на вкусот на храната, и што е уште поважно, кога сме тажни не можеме да регистрираме колку точно калории внесуваме. Исто така, било покажано дека луѓето кои се среќни многу полесно го разликуваат горчливиот вкус од слаткиот. При гледањето на емотивни видео материјали, детекторите за вкус на учесниците во истражувањето биле поизразени за 15%.

Имено, групата волонтери пробувале различни напитоци, со различни нивоа на маснотии. Пред дегустацијата, тие изгледале три различни снимки, една со среќен, друга со тажен и трета со здодевен  крај. Било откриено дека здодевното видео најмалку влијае на вкусот, но другите две видеа кои предизвикале емоции влијаеле на тој начин што учесниците во истражувањето не можеле да оценат дали напитоците содржат масти или не. Овие откритија можат многу да помогнат во терапиите за луѓе кои страдаат од депресија, но и за оние кои сакаат да држат диети, а имаат емотивни проблеми.