Ѓумбирот е растение од фамилијата лилјани кое е познато по својот корен. Веќе со векови, ѓумбирот се користи како лек, зачин, храна, но и како средство за разубавување. По потекло, ова растение доаѓа од Кина, а сега се одгледува во многу земји од Азија и Африка. Посебно е популарен во кујната поради својот лут вкус, кој е резултат на етеричните масла кои ги содржи коренот на ѓумбирот.

Коренот на ѓумбирот е достапен во свежа (сирова) форма, зашеќерен или закиселен, во прав или во форма на сируп кој може да се најде во продавниците за здрава храна или пак во поголемите супермаркети.

Овој неверојатен зачин делува позитивно на здравјето од многу аспекти, од кои неколку наведуваме во продолжение:

1. Ѓумбирот е карминатив (ги ублажува желудочните тегоби и надуеност) и затоа може да се користи како лек за ваквите проблеми.

2. Користењето на ѓумбирот ја стимулира секрецијата на мукус и на тој начин го ублажува кашлањето и ги олеснува болките во грлото.

3. Бројни истражувања потврдиле дека ѓумбирот ја олеснува мачнината, а посебно делува на морската болест, утринските мачнини, мачнините предизвикани од движење и од хемотерапија.

4. Ѓумбирот има анти-бактериски, анти-габични и анти-токсични својства, па затоа е одличен за превенција на грип и настинки.

5. Ѓумбирот е анти-хистамин, па затоа е одличен при алергии.

6. Има анти-воспалителни својства поради кои се користи при лечење на реуматоиден артритис, остеоартритис и други болести на мускулното, коскеното и врзувачкото ткиво. Многу често, резултатите од третирање на артритисот со ѓумбир далеку ги надминуваат резултатите од лечење со конвенционални лекови.

7. Хемиските состојки кои ги содржи ѓумбирот се корисни во спречувањето на процесот на биосинтеза на простагландин, кој е одговорен за појавување на воспаленија.

8. Ѓумбирот содржи посебни ензими кои се одговорни за катализа на протеините во храната, па на тој начин помага при варењето и ги спречува грчевите. Античките Грци честопати јаделе ѓумбир после обемните оброци за да го олеснат варењето на храната.

9. Благодарејќи на својата способност да ја поттикнува секрецијата на мукус, ѓумбирот го спречува настанувањето на чир – оштетување на слузницата на желудникот.

10. Научно е потврдено дека ѓумбирот го намалува нивото на холестерол и го спречува настанување на крвни згрутчувања.

11. Ѓумбирот се користи и за лечење на други желудечни болести како диспепсија и колика. Во земјите од третиот свет, ѓумбирот се користи и како лек за дијареа.