Како што е веќе добро познато, појадокот е најважниот оброк во денот. Тој може да вијае на расположението и на нивото на енергија во текот на целиот ден. Најдбриот начин да го започнете денот е со чинија полна со овесна каша. Само една мала чинија со овесна каша ви е доволна за да ги обезбедите сите потребни состојки како што јаглехидрати, витамин Б, влакна и минерали. Не само што овој појадок ќе ви ја обезбеди потребната енергија, туку ќе ви донесе и други предности. Меѓу другото, овесната каша веќе долго време важи како еден од најдобрите начини за одбрана од холестерол.

Овесот пристигнал во Европа пред околу 5000 години, а не само скорешните испитувања, туку и голем број на историски податоци укажуваат на вредноста што оваа храна ја има. Имено, познато е дека шкотските војници секогаш носеле со себе овесна каша бидејќи сметале дека е одлична за оздравување на коските и лигаментите повредени во битка.

Еве неколку причини зошто е добро да се конзумира овесната каша:

Го намалува холестеролот

Овесната каша го подобрува намалувањето на холестеролот во крвта и на тој начин го намалува ризикот од срцеви заболувања. Истражувањата покажале дека само една мала чинија со овесна каша дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања за дури 10 проценти.

Го намалува нивото на шеќер во крвта

Ова посебно се однесува на лицата кои боледуваат од дијабетес тип 2.

Ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем

Селениумот и витаминот Е кои ги има во овесот се многу корисни за имунолошкиот систем на човекот. Посебно е добро да ја имате овесната каша на менито во време на сезонскиот грип, бидејќи таа му помага на организмот побрзо да се опорави.

Ја намалува телесната тежина

Најновите истражувања покажале дека децата кои јадат овесна каша имаат 50 проценти помалку шанси да добијат прекумерна тежина отколку децата кои не јадат.

Го подобрува варењето

Овесната каша е многу корисна за процесот на варење, штити од гастритис, колитис и други проблеми поврзани со системот на варење.

Го намалува ризикот од рак

Состојките кои ги содржи овесот се посебно корисни во борбата против ракот на дојка и дебело црево.

Ги зајакнува коските

Овесот е многу богат со калциум, фосфор и магнезиум, што е многу важно за зајакнување на коските и намалување на ризикот од остеопороза.

Предности за време на бременост

Овесот е многу корисен за трудниците, бидејќи го намалува ризикот од можни заболувања на детето.

Покрај овие наведени предности, овесната каша е многу корисна и за здравјето на кожата, за намалување на ризикот од стрес итн. Од сето ова може да се заклучи дека е особено добро овесната каша да стане дел од вашето секојдневно мени, но имајте предвид дека овесот содржи глутен, па лицата кои се чувствителни (алергични) на глутен не би требало да ја конзумираат.