После секој обилен оброк, наместо да се чувствувате сити и задоволни, вие имате потреба за нешто повеќе. Меѓутоа, оваа потреба се однесува исклучиво на нешто слатко. Зошто е тоа така? Вистината е дека, и покрај тоа што постојат голем број на различни теории, сепак одговорот на ова прашање се уште не дефинитивно утврден.

Една група на нутриционисти кои посебно се занимавале со овој проблем смета дека луѓето уште од детството се истренирани посел оброкот да изедат и нешто слатко. Во многу семејства ова претставува долгогодишна традиција, па дури и начин децата да се убедат да изедат нешто зелено од чинијата.

Друга група на научници пак, тврди дека хемијата во човековиот мозок е виновна за потребата за слатки после оброкот. Истражувањата покажале дека конзумирањето на шеќери или некои други видови на јаглехидрати, можат да ја подобрат апсорпцијата на аминокиселините од триптофанот, кој го има во одредени видови на храна (чоколадо, на пример). Триптофанот овозможува растење на нивото на серотонин, невротрансмитер кој се поврзува со позитивна чувства и среќа.