Се поставува прашањето: Зошто никулците се толку полезни, или, кои се придобивките од нивното конзумирање за организмот? Основно е тоа што ферментите (ензимите) кои се наоѓаат во никулците ги разградуваат протеините, мастите и јаглехидратите истовремено и го олеснуваат нивното усвојување во човечкиот организам. Редовното конзумирање на никулци го стимулира метаболизмот и создавањето на нова и свежа крв, го зајакнува имунолошкиот систем, го компензира недостатокот на некои витамини и минерали, ја нормализира киселинско-базната рамнотежа на организмот. Никулците помагаат за прочистување на организмот од разни токсини, ја зголемуваат силата, го забавуваат процесот на стареење. Зарем сето ова не е доволна причина да се обидеме да дознаеме барем малку повеќе за никулците?

Воведувањето на никулците во исхраната треба да биде постепено. Зошто? Затоа што преку никулците, додадени кон храната што ја внесуваме, организмот се снабдува со моќна енергија, а тој (организмот) за тоа треба и да се подготви. Најдобро е `ркулците да се конзумираат наутро, кога организмот се снабдува со енергијата која му е потребна за целиот ден. Главно што треба да се знае за никулците е дека тие треба да се консумираат ЖИВИ, односно ТЕРМИЧКИ НЕОБРАБОТЕНИ. Ако термички се третираат, голем дел од полезните состојки ќе се уништат. Тоа значи дека `ркулците може да се додаваат кон салати, ладни предјадења, ладни супи. Одличен додаток се на сендвичите. Кон нив може да се додаде масло, павлака, мед или некои други зачини, може да се сечкаат, да се блендираат. Може да се консумираат со кисело млеко или јогурт.

Во принцип, може да се продолжи со растење на `ркулецот и при тоа да се добие млад израсток, меѓутоа, `ркулецот има значително поголема хранлива вредност одошто самиот израсток. Позитивна работа кај израстоците е тоа што тие се богати со хлорофил, а тоа значи енергија. Така на пример, како додаток кон исхраната може да се употребуваат никулци од пченица добиени во два стадиума. Во првиот стадиум, после 2 – 3 дена, никулецот достигнува големина 1 до 2 мм, и тие тогаш ја достигнуваат својата максимална вредност. Вториот стадиум е кога никулците израснуваат до таа големина кога се јавуваа зелените ливчиња. Ваквите релативно големи израстоци се богати со витамините Е и D, содржат 20 аминокиселини и 13 витамини, а настанатиот хлорофил ги чисти и црниот дроб и крвта, и го стимулира создавањето на хемоглобинот.

Се разбира, секој вид на растение е индивидуално по својот хемиски состав, но постојат просечни податоци. Значи, воопшто зрната содржат: 6-20% растителни протеини (сличен по состав со протеините во месото), 1-9% масти, 60-88% јаглехидрати (шеќери и скроб), 1-4% растителни влакна (целулоза), 1-3% органски минерални соли, и оптимална содржина на микроелементи. Во текот на тие неколку дена додека семето `рти, се зголемува содржината на витамините В и PP кои се вклучени во составот на голем број препарати кои се користат во борбата против заболувања на срцето и срцеви удари. Во никулците се зголемува содржината на витаминот Е (токоферол), кој го забавува процесот на стареење и го нормализира нервниот систем. Во никулците се создава витаминот С, кој е инаку отсутен во сувото зрно. Никулците содржат железо кој заедно со витаминот С не спасува од слабокрвноста. Тие содржат калиум, но и ретките микроелементи како хромот и литиумот, кои му се потребни на нашиот организам како профилактика од дијабетес.

Никулците поседуваат некои специфичните терапевтски лековити својства. Еве неколку зборови за тоа.

  • Никулците од пченица, ‘рж, овес, сончоглед и лен се корисни особено за личности кои имаат проблеми со системот за варење.
  • Овесните никулци ја регенерираат крвта, а ја активираат и тироидната жлезда;
  • Никулците од ‘рж го прочистуваат организмот од токсини и радионуклиди;
  • Никулците од ориз ги чистат бубрезите.
  • Никулците од леќа го зајакнуваат имунитетот.
  • Никулците од тиква се користат при третман на простата и црева.
  • Никулците од леќа и сусам се добри за кардиоваскуларниот систем.
  • Никулците од пченка имаат ефект на подмладување.
  • Никулците од грав имаат анти воспалителен ефект.
  • Никулците од грашок го намалуваат шеќерот во крвта.
  • Никулците од соја придонесуваат за регенерација на клетките и го инхибираат  (кочат) растот на туморот.

Некои совети при користење на никулци во исхраната

Никулците добиени од грав, леќа и други мешунки поднесуваат повишена температура, и затоа може слободно да се користи во пржени јадења, чорби или супи. Никулците од грав, мунго грав и ротквица одлично се комбинираат со урда и меки сирења, а никулците од луцерка или ротквица се одличен додаток кон млак омлет или пржени јајца. Јадењата од ориз стануваат похранливи ако кон нив се додадат никулци од леќа или мунго грав.

Доколку саката да дознаете повеќе нешта за никулците, кликете на следните линкови:

– Никулци
– Видови на никулци
– Правила и начин на растење на никулци