Една од многуте предности на медот е тоа што го зајакнува имунитетот. Состојките на медот помагаат во процесот на варење на храната и во борбата против различни болести. Затоа, секој ден започнете го со лажичка мед, нешто што ќе ви го разбуди телото и ќе ви даде енергија.

Со илјадници години, медот е познат како природен лек за многу болести. Се користи како помош при опекотини, исеченици, бидејќи може да ја апсорбира влагата од воздухот и да ја забрза регенерацијата на кожата. Антибактериските соединенија кои ги има во медот спречуваат инфекции и делуваат против воспаленија, ги намалуваат отоците и болката.

Ако не можете да заспиете, пробајте го стариот рецепт – млеко и мед. Во чаша со топло млеко ставете лажичка мед, измешајте и испијте го тоа. Едно од широко познатите својства на медот е тоа што ги лечи воспаленијата на грлото. Професионалните пејачи затоа често користат мед, и на тој начин го одржуваат грлото здраво и ги подготвуваат гласните жици за настап. Една лажичка мед три пати во денот ќе биде доволна за да го смирите воспаленото грло. Добра навика е и секоја шолја чај што ја пиете да ја засладите со мед наместо со шеќер.