За денешниот ручек ви предлагаме уште една варијација на тема полнети тиквички. Супер вкусен ручек што брзо се подготвува. Пробајте!

Полнети тиквички

By Гастронаутка Published: June 12, 2012

    За денешниот ручек ви предлагаме уште една варијација на тема полнети …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Ставете го пилешкото месо да се вари заедно со морковот (можете од водата да направите супа), и сварете го оризот.
    2. 2.Тиквиците излупете ги, пресечете ги на половина (надолжно), внимателно извадете ја средината и спуштете ги во зовриена солена вода да се обарат малку (околу 5 минути).
    3. 3.Во подлабок сад измешајте го пилешкото месо исечкано на коцки, варениот морков, варениот ориз и грашокот. Зачинете ја смесата со сечкан свеж магдонос, сол и црн пипер.
    4. 4.Кога ќе се оладат малку тиквичките, наредете ги во тавче кое претходно малку сте го намастиле (најдобро стаклено или керамичко ).
    5. 5.Наполнете ги убаво со филот.
    6. 6.Во посебен сад измешајте ги јајцата, павлаката и кајмакот, а потоа посипете ги тиквичките одозгора.
    7. 7.Печете на 200 степени околу 15 минути (или додека тиквичките не омекнат (боцнете со вилушка, за проба).