Го зголемува животниот век
Холандски научници тврдат дека конзумирањето на половина чаша вино секој ден може да ви го продолжи животот за 5 години. Иако истражувачите нагласуваат дека се потребни уште испитувања за да потврди ова, сепак умереното конзумирање на алкохолот, а посебно на црното вино, може да допринесе за продолжувањето на животниот век бидејќи соединенијата кои се содржат во виното го спречуваат таложењето на мастите, а со тоа спречуваат појава на мозочен или срцев удар.
Го подобрува здравјето на срцето
Јапонските истражувачи веруваат дека конзумирањето на алкохол, заедно со социајлизацијата, можат значително да го намалат ризикот од појава на болести на срцето. Повеќето експерти се сложуваат дека една чаша алкохол дневно (ама не баш секој ден) е сосема доволна.
Ги намалува воспаленијата
Оние луѓе кои умерено конзумираат алкохол имаат значително намален ризикк од појава на воспаленија, вклучувајќи го тука и реуматоидниот артритис. Меѓутоа, холандските научници кои дојдоа до овој заклучок не се сигурни зошто алкохолот делува така и колку точно алкохол треба да се конзумира на дневна база за да се постигне овој ефект.
Го помага слабеењето
Бостонски истражувачи вршеле испитување за ефектите од конзумација на алкохол кај околу 20000 жени (жените пиеле најмногу 2 чаши вино, пиво или ликер дневно). Научниците дошле до заклучок дека жените кои пиеле добивале помалку на тежината отколку оние кои не пиеле. Нивниот заклучок бил дека жените кои пијат имаат тенденција да јадат помалку храна, посебно јаглехидрати.
Помага во борбата со остеопороза
Истражувањата потврдиле дека пивото е важен извот на прехранбен силициум. Ова е состојка за која се верува дека ја зголемува густината на коскените материјали, а пивото е и тоа како богат извор на силициум. Врз основа на овие наоди, научниците веруваат дека умереното конзумирање на пиво навистина може да помогне во борбата против остеопорозата.