Денес се одлучивме за едно старо македонско јадење – бакарданот, пошироко познат и како качамак. Сигурно сте ја чуле онаа старата “качамак, качамак, денес јадев утре пак“, но не грижете се. За утре сигурно ќе смислиме нешто друго . Уживајте во овој прекрасен и стар македонски рецепт.
Бакардан
By November 11, 2012
Published:Денес се одлучивме за едно старо македонско јадење - бакарданот, пошироко …
Ingredients
- 500 гр пченкарно брашно
- 1200 мл вода
- 1 кафена лажичка сол
- малку масло за готвење
- 200 гр сланина (може и пушена)
- 200 гр сирење
- неколку пиперчиња (по желба)
- малку власец или магдонос
Instructions
- 1.Во пошироко тенџере ставете ја водата да зоврие и додадете ја солта.
- 2.Кога ќе зоврие водата, тргнете го тенџерето настрана и полека додавајте го брашното (со нежно посипување) така да брашното остане на површината (не смее да пропадне долу).
- 3.Со рачка од дрвена лажица направете 4-5 дупки (забодете ја рачката неколку пати во брашното, така да пропадне до дното).
- 4.Намалете ја температурата на ринглата на најслабо и вратете го тенџерето врз ринглата.
- 5.Водата ќе почне да врие и да излегува низ дупките што ги направивте во брашното.
- 6.Водата не смее да врие многу силно. Ако забележите дека тоа се случува, тргнете го тенџерето настрана, почекајте малку да се олади и проверете дали температурата ви е на најниско.
- 7.Откако ќе бидете сигурни дека водата врие, ама слабо, покријте го тенџерето со капак и оставете гго бакарданот да се вари околу половина час. Повремено проверувајте ја состојбата.
- 8.Во тавче без масло ставете ја сланината исечкана на ситни коцки и пропржете ја. Ако сакате можете да додадете и малку масло и исечканите пиперки, па да ги запржите и нив.
- 9.Откако ќе поминат 30 минути, тргнете го тенџерето настрана и извадете една чаша од течноста (околу 200 мл). Не ја фрлајте оваа вода.
- 10.Содржината на тенџерето се меша со рачка од дрвена лажица додека брашното и водата не се соединат (да се добие тесто).
- 11.Ако се создадат грутки (што е многу веројатно), употребете миксер со стапчињата за тесто и мешајте на најмала брзина се додека смесата не се изедначи.
- 12.Ако сметате дека тестото е многу тврдо, додадете од водата која претходно ја извадивте во чаша и повторно промешајте.
- 13.Во тавчето каде се пржеа сланината и пиперките, додадете уште малку масло и ставете го малку да се загрее на оган. Откако ќе се загрее, истурете ја целата содржина врз тестото и промешајте со рачката од дрвената лажица.
- 14.Послужете во чинија, изрендајте малку свежо сирење одозгора и попрскајте со малку власец или ситно исечкан магдонос.
- 15.Забелешка: Оваа доза е доволна за 4-5 луѓе, а ако ви остане, можете да го загреете во микробранова печка и да го изедете за вечера.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна