Целулитот денес се доживува само како естетски проблем, иако тој е дефинитивно многу повеќе. За жал, целулитот претставува сериозен здравствен проблем кој се јавува како резултат на намалената способност за разложување на мастите. Естрогенот исто така го успорува разложувањето на мастите. Овие се таложат најчесто на колковите, задницата и стомакот, на места каде потпорното врзивно ткиво е слабо и истенчено, па масното ткиво продира во кожата создавајќи т.н. кора од портокал.
Бројни истражувања покажале дека целулитот не може да се отстрани со слабеење и рестриктивни диети, па дури ни со претерана физичка активност. Исто така, верувањето дека можете да се ослободите од целулитот со чисто вегетаријанска исхрана е заблуда.
Како тогаш да се ослободиме од целулитот? Еве неколку практични совети.
Пред се, зголемете го внесот на течности во организмот – најмалку 2 л дневно и тоа вода, незасладен чај и свежо цедени сокови. Ова ќе ја подобри размената на материите и елиминацијата на токсини од организмот.
Потоа, сменете го начинот на исхрана. Конзумирајте свежо и варено овошје и зеленчук, избегнувајте пржено месо и заситени маснотии. Исто така, избегнувајте сол и силни зачини.
Конзумирајте сложени јаглехидрати – овесни снегулки и мусли кои ќе ви го исчистат организмот. Освен што го спречува појавувањето на целулит, ваквата исхрана е благотворна за целиот организам.
Активирајте се. Издвојте барем 30 минути дневно за некаква физичка активност, така ќе го забрзате метаболизмот.
Повремено масирајте ги подрачјата кои се подложни на целулит. Масажа со квалитетни антицелулитни препарати ја стимулира циркулацијата на крвта и ја подобрува елиминацијата на целулитот.
Последно – опуштете се. Целулитот може да настане и под влијание на стрес, па затоа барем 1 час дневно посветете си на себе. Направете атмосфера во која ќе се чувствувате пријатно.
И не заборавајте да бидете упорни – за решавање на секој пробем е потребно време.
Храната и женската убавина
Убавината не е луксуз, ниту пак среќа, денес таа се смета за обврска на секоја современа жена. Во оној момент кога ќе престанеме да сакаме да изгледаме убаво, без разлика дали имаме дваесет, триесет, четириесет, педесет, шеесет години, во тој момент започнуваме навистина да старееме. Затоа, еве неколку совети како секогаш да изгледате негувани и убави.
Често слушаме за важноста на препаратите за хидрирање на кожата, но вистински резултати се постигнуваат само доколку истовремено се внесуваат и неопходните течности во организмот. Кожата на лицето и телото ќе биде затегната доколку секој ден пиеме најмалку 2 л течности, и тоа најдобро вода и билни чаеви.
Во исхраната треба да внесеме свежи намирници и да избегнуваме чоколадо, пржена храна, кафа, алкохол, цигари и премногу сол. Дозволени се мали количини на мед или некој друг природен засладувач, доколку навистина не можете без шеќер.
Намирниците кои се потребни за одржување на здравјето на кожата, а воедно се и одлични сојузници против стареењето се морковот, зелката, зелената салата и друг зелен лиснат зеленчук, пивски квасец, пченични никулци, ореви, бадеми, и друго слично овошје, интегрални житарици, соја, сливи, грозје, масло од лен, маслиново масло, домати, кромид и риба. И секако, да не ги заборавиме млекото и млечните производи.
Сите овие намирници ги содржат оние нутриенти кои се наши сојузници во борбата против стареењето, но и различните болести. Тие содржат витамини од А, Е, Д и Б групите, витамин Ц и омега киселини. Освен тоа, содржат и голем број минерали како селен, магнезиум, железо, калциум, калиум итн.
Не заборавајте дека нашиот надворешен изглед многу зависи од она што одвнатре го правиме за себе. Затоа, обрнете внимание на она што го јадете – здравата исхрана е клучна за женската убавина. Обидете се да ја сочувате својата убавина што подолго бидејќи таа не зависи од вашите години туку од вашиот однос кон сопственото тело.