Многу едноставен за приготвување освежителен десерт и пијалок. Двојно задоволство за сите љубители на нескафе, пудинг и млеко…..Идеален за почеток на денот кога на сите нас ни е потребно слатка доза на кафе која ќе не расони.
Домашен пудинг од нескафе
By October 28, 2015
Published:Многу едноставен за приготвување освежителен десерт и пијалок. Двојно …
Ingredients
- 2 шолји млеко
- 2 лажици инстант кафе/нескафе
- 1 лажичка какао во прав
- 2 ½ лажици нишесте
- ¼ шолја шеќер
- ½ шолја слатка павлака
- 1 лажичка екстракт од ванила
- малку цимет
Instructions
- 1.Во сад за готвење измешајте го млекото заедно со нескафето, какаото и нишестето. Додадете шеќер, пола лажичка ванилин екстракт и прстофат сол. Гответе го на средна температура, константно мешајќи за да не се згрутчи. Откако ќе зоврие мешајте уште една минута и тргнете го на страна.
- 2.Оставете го пудингот добро да се олади.
- 3.Во меѓувреме, со миксер изматете ја слатка павлака заедно со 2 лажици шеќер и пола лажичка ванилин екстракт.
- 4.Изладениот пудинг сервирајте го во соодветни чаши а одозгора ставете од изматената слатка павлака. По желба наросете цимет или какао во прав.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна