Неодоливо вкусни грицки кои може да ги зачините во ваша желба и да уживате во моментите кога сакате да си грицнете нешто. Особено добро одговораат со ладно пивце и супер друштво. Наша препорака е да направите поголема доза за да има доволно за сите.

Домашни квики гриц

By Тетка Биберче Published: March 27, 2014

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 45 mins

Неодоливо вкусни грицки кои може да ги зачините во ваша желба и да …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во сад погоден за месење, ставете го брашното и измешајте го заедно со сувиот квасец, сусамот и кимот. Додадете масло за готвење, сол и постепено додавајте вода се додека не добиете полу-тврдо тесто.
  2. 2.Добро измесенето тесто, поделете го на 3-4 дела и од секој дел формирајте тенка ролна.
  3. 3.Тавата за печење покријте ја со мрсна хартија, но доколку користите силиконска тава (како нас), нема потреба бидејќи на неа не се лепи ништо.
  4. 4.Со чисти ножици, ролните тесто сечкајте ги цик-цак директно врз тавата за печење.
  5. 5.Печете ги на 200 степени, околу 15 минути, со повремено промешување за да се испечат подеднакво од сите страни.